Апелација

Апелација за 4 години му ја намали казната на Бојан Јовановски-Боки 13

03.03.2025 14:53

Апелација му ја намали казната на Боки 13 од 9 на 5 години затвор. Судиите ја донеле пресудата поради нови околности во врска со здравствената состојба на осудениот...

Апелација му ја намали казната на Бојан Јовановски-Боки 13, од 9 на 5 години затвор. Има да одлежи уште неколку месеци, по што е слободен. Судиите ја донеле пресудата поради нови околности во врска со здравствената состојба на осудениот.

Јовановски беше осуден на 9 години затвор за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание и перење пари, во предметот „Рекет“, во кој на 7 години затвор беше осудена поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева.

Јовановски моментно е надвор од затвор, со отпуст за лекување.