Massive Attack на Skopje Calling 2025!

03.03.2025 15:01

Денес Massive Attack звучат и изгледаат на сцена подобро од било кога досега. Нивната музика е едноставно бесмртна, а техничките можности за нејзината презентација и интерпретација во живо подобри од било кога.

Супер-култните Massive Attack се враќаат во Скопје после 15 години, овојпат за сите генерации, и за оние што веќе ги гледале, но и за оние кои досега само слушале за нив, соопштуваат од Авалон продукција.

Ако има некаква реална корист од технологијата и фактот дека таа секој ден е сè подобра и подобра, а некои животни сегменти поради неа се сè полоши и полоши, сигурно сте свесни дека, благодарение на неа, денес Massive Attack звучат и изгледаат на сцена подобро од било кога досега. Нивната музика е едноставно бесмртна, а техничките можности за нејзината презентација и интерпретација во живо подобри од било кога.

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (5-ти март) во 10 часот наутро на avalonbooking.mk, а сите детали околу истите ќе бидат објавени утре.