Добрососедство

Време е да најдеме решение, вели Сиљановска-Давкова по разговорот со Радев

03.03.2025 15:11

Секогаш со претседателот Радев зборуваме за нашиот основен проблем, дека е време да најдеме решение, коментира македонската шефица на државата...

Секогаш со претседателот Радев зборуваме за нашиот основен проблем, дека е време да најдеме решение, коментира македонската шефица на државата Гордана Сиљановска-Давкова по телефонскиот разговор со нејзиниот бугарски колега остварен во петокот.

Време е да се однесуваме како два блиски народи со разбирање и заемна почит едни кон други, посочува претседателката.

„Судбина ни била не случајно да живееме едни до други, па дури и да се разбираме. Мислам дека тоа нè обврзува. Обајцата мислам дека таа траекторија ја тераме, полека, мирно, со разбирање, со почит и јас посакувам да најдеме решение“, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

По разговорот, и Радев излезе со став дека исклучително важно е да се разговара на највисоко ниво, како за градење стабилна основа за развој на билатералните односи, така и за справување со регионалните и глобалните предизвици.

Сепак, Скопје и Софија и натаму на веќе познатите позиции. Македонската влада инсистира на уставни измени со одложено дејство, за да нема нови барања од Бугарија, која прво бара вметнување на Бугарите во македонскиот Устав.

Нова средба Радев-Сиљановска Давкова се очекува во април во Софија, на маргините од процесот „Акаба“, за борба против тероризмот.

Миле А. Ристески