Национална конференција на лицата со попреченост „Заедно сме посилни“
Бариери на лицата со попреченост постојат секаде во светот, така и во Македонија, но секоја се разликува што презема за нивно надминување, беше кажано на денешната конференција на лицата со попреченост, одржана во Велес …

Ако не знаете прашајте, ако сакате да дознаете разговарајте со нас. Ова беше пораката на лицата со попреченост од националната конференција „Заедно сме посилни“ која се одржа во Велес. На неа жените со попреченост и од руралните средини ги раскажаа нивните животни искуства.
Бариери во животот за лицата со попреченост, постојат секаде во светот, така и во Македонија. И за почитување на нивното право е потребна примена на конвенцијата на ОН, но и меѓусебно дружење на овие лица со останатите граѓани.
Претседателката Гордана Силјановска Давкова кажа дека е недозволиво пешаците, лицата со попреченост да не можат да ги користат тротоарите оти се недостапни за нив.
На конференцијата се обрати и министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани, кој кажа дека е неопходно да дозволиме пристап на лицата со попреченост, до здравство, образование, вработување и не сме во нивните чевли за да знаеме каков им е животот.
Петар Печков
