Собрание

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

04.03.2025 08:25

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија...

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, во второ читање.

Како што информираат на собраниската веб-страна, целта на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации е воспоставување ефикасен правен механизам за ограничување на пристапот до нелегалните интернет платформи за приредување игри на среќа.

На дневен ред на Законодавно правната комисија се Предлог на законот за изменување на Законот за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Северна Македонија и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, двата во второ читање. Како што се посочува во собранискиот веб-сајт, законските измени се во насока на усогласување на Законот за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Северна Македонија со изменувањето и дополнувањето на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 121/2024).