Груевски ги поканил принцот Вилијам и принцезата Кејт да ја посетат Македонија

05.08.2014 13:38

Премиерот Груевски и членовите на британското кралско семејство кусо разговарале за Македонија, при што добиле покана да ја посетат земјава...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски на маргините на вчерашното одбележување на 100-годишнината од првата светска војна во Лиеж, Белгија остварил неформална средба со британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт. Премиерот Груевски и членовите на британското кралско семејство кусо разговарале за Македонија, при што добиле покана да ја посетат земјава.

Сите средби биле остварени по ручекот што за гостите од 50-сетина држави ги приредиле Белгискиот крал и кралица.

Премиерот остварил средба и со поранешниот претседател на Европската Комисија, Хозе Мануел Баросо, којшто исто така присуствуваше на церемонијата во Лиеж. 

Покрај францускиот и германскиот претседател, Франсоа Оланд и Јоаким Гаук, шефовите на двете завојувани страни во војната, присуствуваа и претседателите на Австрија и Србија, Ханјц Фишер и Томислав Николиќ.

30 држави биле зафатени од Првата светска војна, во која загинале 8,5 милиони луѓе.