Продолжува владиниот самит

Средба Мицкоски- Орбан во Будимпешта

04.03.2025 08:28

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта во рамки на унгарско-македонскиот владин самит ќе оствари средба со неговиот домаќин унгарскиот премиер Виктор Орбан. Владиниот самит започна вчера со средбата на министрите за надворешна политика и трговија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто…

Во Будимпешта се одржува унгарско-македонска меѓувладина конференција. Предвидена е и тет-а-тет средба на премиерите Мицкоски и Орбан. Ќе се одржат и билатерални средби меѓу ресорните министри, по што ќе следи и заедничка седница на двете влади. По завршување на меѓувладината седница заедничка прес-конференција ќе одржат двајцата премиери.

Унапредувањето на билатералните односи, трговската соработка и перспективите и предизвиците во процесот на нашата европска интеграција, во фокусот на разговорите на средбата на министрите за надворешни работи Муцунски и Сијарто.

Двете земји ја споделуваат целта за безусловно, и што е можно поскоро постигнување на посакуваниот мир во Украина.