Денеска се одбележува Светскиот ден на обезноста
Лекарите апелираат да се разбие стигмата околу обезноста и да се подигне свеста дека секое обезно лице треба навреме да се јави на лекар за да се третира обезноста...

Под мотото „Менување на системи за поздрав живот“ денеска на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања ќе биде одбележан Светскиот ден на обезноста.
На настанот најавено е присуство на претставник од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, претседателот на Научното здружение за обезност ОБЕМ и директорот на Клиниката за ендокринологија.
Лекарите апелираат да се разбие стигмата околу обезноста и да се подигне свеста дека секое обезно лице треба навреме да се јави на лекар за да се третира обезноста. Предупредуваат дека обезноста е сериозна комплексна хронична болест која доколку не се препознае навреме, може да доведе до појава на околу 200 други хронични болести.
Во земјава е отворен и Центар за менаџирање на дебелина кој работи во рамки на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички заболувања.
