Во тетовскиот суд повторно судење за смртта на 23-годишната Теодора Ристовска
Во тетовскиот суд повторно судење за смртта на 23-годишната Теодора Ристовска, која животот го загуби во сообраќајна несреќа...

По три години, во тетовскиот суд повторно судење за смртта на 23-годишната Теодора Ристовска, која животот го загуби во сообраќајна несреќа. Била прегазена на пешачки премин од автомобил со кој управувал 49-годишник од Мала Речица.
Од повредите починала на скопскиот клинички центар по 3 дена. Семејството на Теодора вели дека првото судење почнало скоро една година подоцна, а во ноември, по признавање на вина на возачот, тој бил осуден на три години и шест месеци затвор.
Обвинетиот поднесе жалба до Апелациониот суд во Гостивар, по што казната му беше намалена на две години. По поднесеното барање за преиспитување на пресудата, Врховниот суд ги укина пресудите и предметот го врати на повторно судење.
