Трговија

Тарифите на САД од 25 насто на увозот од Мексико и Канада почнуваат денеска

04.03.2025 09:10

Шефот на Белата Куќа вели дека давачките имаат за цел да ги принудат двата американски соседа да ја засилат борбата против трговијата со опасната дрога фентанил. Трамп рече дека ќе додаде дополнителни 10 насто тарифи за стоки од Кина.

Тарифите на САД од 25 насто на увозот од Мексико и Канада почнуваат денеска.

Шефот на Белата Куќа вели дека давачките имаат за цел да ги принудат двата американски соседа да ја засилат борбата против трговијата со опасната дрога фентанил. Трамп рече дека ќе додаде дополнителни 10 насто тарифи за стоки од Кина.

Акциите на светските берзи паднаа во пресрет на тарифите. Мексиканските власти велат дека имаат резервен план и подготвени се за секоја одлука на САД.

Канада вели дека ќе одговорат со иста мера. За новите економски предизвици во Пекинг се одржуваат низа состаноци на највисоките законодавни тела.