Србија

Пронајдена двегодишната Дуња која вчера исчезна во Србија

04.03.2025 09:26

Малата Дуња е во свесна и комуникативна состојба. Херој на потрагата е кучето на српската планинска спасувачка служба...

Двегодишната Дуња Марковиќ која вчера исчезна во Уб, Србија, додека си играше со своите браќа и сестри пред семејната куќа, е пронајдена жива на околу два до три километри од дома, потврдија од српското МВР.

Малата Дуња е во свесна и комуникативна состојба. Полициски екипи вршат увид на локацијата каде е пронајдено детето. Херој на потрагата е кучето на српската планинска спасувачка служба, кое утрово го намирисало девојчето во последната зона за пребарување.

Синоќа во Србија по трет пат беше активиран системот „Најди ме“.