БЛИСКИ ИСТОК
Вонреден самит на Арапската лига во Каиро посветен на Газа
04.03.2025 09:30
Учесниците ќе се фокусираат на плановите за безбедно враќање на палестинските цивили во домовите, идното управување и обновата во енклавата по договорот за прекин на огнот...

Вонреден самит на Арапската лига во Каиро посветен на најновиот развој на настаните во Појасот Газа. Учесниците ќе се фокусираат на плановите за безбедно враќање на палестинските цивили во домовите, идното управување и обновата во енклавата по договорот за прекин на огнот.
Според проценките на Светска банка, за реконструкција на Појасот Газа ќе бидат потребни над 50 милијарди долари во период од десет години. Во меѓувреме Израел му се закани на Хамас да ги ослободат сите заложници.
