Развој на туризмот
Детските одмаралишта во раце на приватни инвеститори
05.08.2014 13:26
Според проценките, се очекува цената да биде од 50 до 400 илјади евра...

На приватни инвеститори ќе им бидат продадени детеските одморалишта. Станува збор за одморалиштатата во Свети Николе, Берово, Битола, Стар Дојран и Скопје што досега беа во државна сопственост.
Како што соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, целта на ваквата одлука е интензивирање на туризмот преку збогатување на понудата, но и давање можност повеќе за приватниот бизнис.
Според проценките, се очекува цената да биде од 50 до 400 илјади евра.
Отуѓувањето на имотот ќе се врши на јавна аукција. Новите газди ќе треба да направат модерни туристички комплекси.
