Утрово минусни температури во целата држава
04.03.2025 09:45
Најстудено беше во Берово каде се измерени -8 степени Целзиусови, најтопло во Скопје - Зајчев Рид...

Утрово во целата држава имаше минусни температури. Најстудено беше во Берово каде се измерени -8 степени Целзиусови, -7 се измерени на Попова Шапка, -6 во Маврови Анови и Битола, -4 во Крива Паланка, Скопје-Петровец, Струмица и Тетово, -3 во Прилеп, Штип, Претор, Демир Капија и Гевгелија, -2 во Крушево, Велес, Охрид, Виница и Кавадарци и -1 степен во Скопје - Зајчев Рид.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот утрово изнесува 25 сантиметри на Попова Шапка, соопшти УХМР.
