Будимпешта

Унгарско-македонски владин самит, Мицкоски оствари средба со Орбан

04.03.2025 11:22

Како што објави премиерот Мицкоски на Фејсбук, со унгарскиот премиер разговарале за клучни прашања од заемен интерес, зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката, инфраструктурата и европската перспектива на Македонија.

Унгарско-македонски владин самит во Будимпешта. Премиерот Мицкоски, кој ја предводи нашата делегација имаше тет-а-тет средба со колегата Орбан.

Како што објави премиерот Мицкоски на Фејсбук, со унгарскиот премиер разговарале за клучни прашања од заемен интерес, зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката, инфраструктурата и европската перспектива на Македонија.

Според агендата, ќе се одржат билатерални средби и меѓу ресорните министри, по што ќе следи и заедничка седница на двете влади. По завршување на меѓувладината седница заедничка прес-конференција ќе одржат двајцата премиери.

Владиниот самит започна вчера со средбата на министрите за надворешна политика и трговија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто. Сијарто уште еднаш ја потенцира поддршката што Унгарија и ја дава на нашата земја за зачленување во ЕУ, и обвини дека „голем број држави лицемерно се однесуваат“.

Во однос на евроинтеграциите Муцунски оцени дека земјата се наоѓа на клучен крстопат бидејќи и покрај донесените бројни тешки и невообичаени одлуки, со надеж дека ќе го оствариме сонот за приклучување кон европското семејство, ние сè уште сме во чекалната на ЕУ.