Обвинителство

Предлогот за разрешување на Коцевски пред Советот на јавни обвинители

04.03.2025 11:36

Предлог за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски денес пристигна во Советот на јавните обвинители...

Владиниот предлог за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски денес пристигна во Советот на јавните обвинители.

Информацијата за МТВ ја потврди претседателката на Советот, Душица Димитриеска. Таа појаснува дека со приемот на документот, почнаа да течат законските рокови. Советот ќе го разгледа предлогот, а ќе му до состави и на Коцевски за да може да се произнесе.

Потоа топката се префрла во Собранието. Мислењето на Советот не е задолжително.