Одложено е повторното судење за Теодора Ристовска, која го загуби животот во сообраќајна несреќа
Во Тетово денеска повторно се одложи за 27-ми март судењето за Теодора Ристовска, која во 2022 година на 22 години го загуби животот во сообраќајна несреќа.

По три години, во тетовскиот суд повторно судење за смртта на 23-годишната Теодора Ристовска, која животот го загуби во сообраќајна несреќа. Судењето повторно е одложено за 27-ми март. Судијата Елведин Ферати информираше дека причина е тоа што не е присутен обвинетиот Менсур Пајазити, како и неговиот бранител Александар Богдановски.
Теодора Ристовска беше прегазена на пешачки премин од автомобил, со кој управувал 49-годишник од Мала Речица, а од здобиените повреди почина на скопските клиники.
Возачот призна вина, но тој досега не одлежа ниту еден ден затвор. По поднесеното барање за преиспитување на пресудата, Врховниот суд го врати предметот на повторно одлучување.
