Партии

Вреди: Зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот на ДУИ од изборен пораз

04.03.2025 11:55

„Лажните обвинувања за наводна деалбанизација која симптоматично, според нив се случува само затоа што тие не се дел од Владата претставува обично алиби“, велат од Вреди.

По предупредувањето од лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека ако се чепне Законот за јазици нема да има локални избори, се огласија од коалицијата „Вреди“.

Оттаму оценија дека ваквите изјави се неодговорни и оти зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот на ДУИ од изборен пораз.

„Лажните обвинувања за наводна деалбанизација која симптоматично, според нив се случува само затоа што тие не се дел од Владата претставува обично алиби“, велат од Вреди.

Ахмети посочи дека Законот за јазиците не е исклучиво на ДУИ, туку е право на сите Албанци и мора да се зачува како таков, истовремено изразувајќи несогласување со било какви обиди за негово политизирање.

И опозициската СДСМ, ја критикуваше ваквата позицијата на ДУИ.