Ватикан
Папата Франциск вратен на механичка вентилација
04.03.2025 11:55
Папата вчера претрпе две кризи, по што повторно бил ставен на механичка вентилација. Неговата клиничка состојба останува сложена...

Папата Франциск поминал добра ноќ и се одмора, соопшти Светата столица.
Папата вчера претрпе две кризи, по што повторно бил ставен на механичка вентилација. Неговата клиничка состојба останува сложена, а лекарите се внимателни во прогнозите.
Папата на 14-ти февруари беше примен во римската болница „Агостино Џемели“ поради респираторни проблеми, кои брзо прераснаа во пневмонија на двете белодробни крила.
Ова е негово најдолго отсуство од почетокот на мандатот во март 2013-та година.
