Политика

Унгарско-македонска владина седница, во фокус клучни прашања од заеднички интерес

04.03.2025 13:10

Премиерот Мицкоски, кој ја предводи нашата делегација имаше тет-а-тет средба со колегата Орбан, по што двете влади одржаа заедничка седница, на која се разгледаа и усогласија клучни прашања од заеднички интерес...

Унгарско-македонски владин самит во Будимпешта. Премиерот Мицкоски, кој ја предводи нашата делегација имаше тет-а-тет средба со колегата Орбан, по што двете влади одржаа заедничка седница, на која се разгледаа и усогласија клучни прашања од заеднички интерес.

Седницата се одржа по билатералните средби на ресорните министри, кои послужија како основа за продлабочување и зацврстување на соработката.

МТВ во живо ќе ја пренесува прес-конференцијата на премиерите Мицкоски и Орбан.

Од Будимпешта известува Викторија Милевска