Енергетика

По проблемот со јануарските сметки за струја, се бара месечно отчитување на броилата

04.03.2025 16:17

По проблемот со јануарските сметки за струја, македонски инженери бараат ЕВН месечно да ги чита броилата, бидејќи паушалното отчитување не соодветствува со реалната потрошувачка. Од почетокот на годинава се пристигнати 15.000 приговори до ЕВН…

Откако граѓаните се пожалија на двојно повисоки сметки за струја, надлежните констатирале дека некои потрошувачи се нашле во повисоки тарифни блокови, при што ЕВН треба да направи ревизија. Еден од потрошувачите кој има поднесено приговор и сè уште чека одговор од РКЕ е Аспарух Ралевски.

Од Здружението на инженери бараат од РКЕ измени на правилата при снабдување со електрична енергија, месечно читање на броилата и одговорност од ЕВН за нереалните сметки.

Измените се во финална фаза- велат од Регулаторна. 85 отсто од броилата се читаат месечно, а 15 отсто се непристапни терени каде се читаат двапати годишно според ЕВН.

15.000 приговори пристигнале во ЕВН во периодот од 24 декември до 25 јануари, 15 отсто се ревидирани според новопрочитаната состојба. Останатите биле неосновани, бидејќи вредноста на сметката била соодветна на потрошената електрична енергија. 345 приговори се поднесени до второстепениот орган РКЕ.

Александра Велинова