Политика

Ахмети се заканува со бојкот на локалните избори, власта реагира на неодговорните изјави

04.03.2025 15:02

По предупредувањето од лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека ако се чепне Законот за јазици нема да има локални избори, власта смирува, ова е обид за факторизација на интегративците пред есенското соочување со гласачите. Се огласија и од коалицијата „Вреди“. Според нив, зад сценариото за бојкот на локалните се крие стравот на ДУИ од изборен пораз…

По заканите од ДУИ, кои најавија бојкот на локалните избори доколку се чепне законот за јазици, власта смирува. Нема простор за политичка криза, ова е обид за факторизација на интегративците пред есенското соочување со гласачите.

Без враќање на балансерот, без враќање на „Бадентер“, без враќање на легитимитетот и без гарантирање на јазикот, не може да има политика како и обично, порачаа од ДУИ.

Од „Вреди“, пак, во заканите од ДУИ гледаат алиби на интегративците за поразот што им следува на локалните избори.

Уставниот суд на 20-ти март во присуство на експерти на подготвителната седница ќе ја разгледува иницијатива за преиспитување на уставноста на одредени одредби од законот за употреба на јазиците.

 

Игор Панов