Казни за дел од трговците, Пазарната инспекција утврдила неправилности
Утврдени неправилности при инспекциските контроли во дел од маркетите. Ќе има и казни. До организацијата на потрошувачи постојано пристигнуваат поплаки...

Казни за дел од трговците поради непочитување на владината одлука.
Државниот пазарен инспекторат утврдил неправилности во работењето во одредени малопродажни места. Првиот човек на Пазарната инспекција за МТВ вели дека во моментов се чешла документацијата, а од тоа ќе зависи колкава казна ќе добијат.
Конечниот извештај се очекува кон крајот на неделава.
Но, не мирува ниту ОПМ. Во канцеларијата постојано стигнуваат поплаки.
Пазарните инспектори утврдиле дека големите ланци на маркети ја почитуваат владината одлука. Но, граѓаните не се согласуваат.
Со владината одлука најниска ограничена маржа има за млекото, киселото млеко, јогуртот, лебот, брашното, јајцата, маслото. Останатите групи на производи се намалени до 15 проценти.
Дополнително до средина на идниот месец, трговците имаат законска обврска да ги објават јавно цените на сите производи на своите веб страници.
Борис Грујоски
