Нејмар може да тренира
Барселона соопшти дека Нејмар може да почне со тренажен процес. Бразилскиот репрезентативец се повреди на Мундијалот на натпреварот со Колумбија, но сепак ќе има можност да мине дел од тренажниот процес во пресрет на сезоната. Нејмар постепено ќе ја оптоварува мускулатурата и ќе влегува во ритам, а можно е првпат да се појави на теренот на 18-ти август за натпреварот со „Жоан Гампер“ против екипата на Клуб Леон.

По стартот на Ѕуњига во четвртфиналето со Колумбија, Нејмар ги повреди пршлените, но иако во првичниот момент изгледаше дека повредата може да го оддалечи од терените подолго, сепак, на задоволство на навивачите на Барселона и на сите љубители на фудбалот, напаѓачот на каталонскиот тим може да биде подготвен за настап на почетокот на сезоната.