СРБИЈА

Јавното обвинителство во Белград нареди истрага за нередите во српското собрание

05.03.2025 09:02

Три пратенички беа повредени откако опозицијата со солзавец, јајца и тврди предмети удри по пратениците од власта...

Јавното обвинителство во Белград нареди истрага за нередите во српското собрание. Три пратенички беа повредени откако опозицијата со солзавец, јајца и тврди предмети удри по пратениците од власта. Српскиот претседател Вучиќ рече дека за нередите во законодавниот дом ќе бара кривична одговорност. Опозицијата е против 60-тина точки што треба да поминат во парламентот. Нова седница на Собранието е закажана за денеска, а претседателката на Собранието, Брнабиќ и порача на опозицијата дека не се плашат.

Инцидентите се илустрација за повеќемесечната политичка и општествена криза во Србија предизвикана од протестите по смртта на 15 лица при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.