Арапските лидери на итниот состанок во Каиро се согласија за египетскиот план
Планот предвидува обнова на енклавата со 53 милијарди долари до 2030 година без да се отстрани населението...

Арапските лидери на итниот состанок во Каиро се согласија за египетскиот план за иднината на Појасот Газа. Планот предвидува обнова на енклавата со 53 милијарди долари до 2030 година без да се отстрани населението. Во Појасот би имало привремени власти под управа на арапски и западни земји. Планот се спротивставува на иницијативата на американскиот претседател Трамп, кој предложи создавање на „Ривиера на Блискиот Исток“, проект што вклучува масовно преселување на Палестинците.
Во меѓувреме Израел објави дека е подготвен да ја почне втората фаза од договорот за прекин на огнот со Хамас. Израелската армија соопшти дека ја проширила офанзивата на нови територии во градот Џенин на Западниот Брег.
