Леброн Џејмс стигна до рекордни 50.000 поени во НБА
Вкупниот број поени на Џејмс во кариерата се искачи на 50.033 поени. Од нив, 41.871 поени се во регуларниот дел од сезоната, додека 8.162 поени во плејофот.

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постави рекорд за најмногу поени во најсилната лига на светот – НБА.
40-годишниот Џејмс постигна 34 поени на мечот против Њу Орлеанс пеликанс (136:115). Вкупниот број поени на Џејмс во кариерата се искачи на 50.033 поени. Од нив, 41.871 поени се во регуларниот дел од сезоната, додека 8.162 поени во плејофот.
На второто место на листата е поранешниот центар на Милвоки и Лејкерс, Карим Абдул Џабар со 44.149 поени.
Леброн Џејмс, откако пред два и пол месеци наполни 40 години, игра со најдобри статистички показатели во својата богата кошаркарска кариера.
