Трудо: Целта на американскиот претседател Трамп е да ја уништи канадската економија
Трамп вети дека на втори април ќе бидат воведени реципрочни тарифи за повеќето трговски партнери на земјата, меѓу кои и за ЕУ...

Ние само сакаме да ги заштитиме нашите бизниси и нашите луѓе, истакна шефот на Белата куќа во обраќањето пред Конгресот. Трамп вети дека на втори април ќе бидат воведени реципрочни тарифи за повеќето трговски партнери на земјата, меѓу кои и за ЕУ. Канадскиот премиер Трудо вели дека целта на американскиот претседател Трамп е да ја уништи канадската економија за потоа да може да ја анектира земјата.
Реакцијата следува откако САД воведоа царини од 25 насто за соседите Канада и Мексико и дополнителни 10 насто за Кина. Од Мексико велат дека никој не добива во едностраните одлуки.
Од Пекинг уверуваат, за секој што сака војна, трговска или која било друга, ќе се борат до крај.
