Манчестер јунајтед

Ван Гал е презадоволен од Руни

05.08.2014 14:34

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Луј Ван Гал, го пофали Вејн Руни за неговото издание во подготвителниот период. Во финалето на турнирот со наслов „Интернационален шампионски куп“, „бебињата“ го совладаа ривалот Ливерпул со 3-1, а претходно ја победија и Рома со 3-2, Интер со 5-3 по изведувањето пенали и Реал Мадрид со 3-1.

„Тој е роден победник. Ја заслужува наградата за играч на турнирот затоа што имаше многу голови и асистенции“, холандскиот стратег не штедеше зборови за да ја опише играта и менталитетот на Руни.