КИНА

Годишна седница на Националниот народен конгрес во Кина

05.03.2025 12:24

Пекинг објави дека ќе ги зголемат воените трошоци во 2025 година на 250 милијарди долари, што е скок од 7,2 насто во однос на изминатата година...

Годишна седница на Националниот народен конгрес во Кина. Над три илјади делегати ќе дискутираат седум дена за политичките и економските цели за годинава. Пекинг објави дека ќе ги зголемат воените трошоци во 2025 година на 250 милијарди долари, што е скок од 7,2 насто во однос на изминатата година.

Кина e втора на листата на земји со најголеми воени трошоци, зад САД, чиј предложен воен буџет за 2025 година е 850 милијарди.