Сообраќај

Жртви поради ниска сообраќајна култура и свест

05.03.2025 12:36

И покрај трагичниот настан за загинувањето на младата Фросина, протестите и постојаните апели за внимателност во сообраќајот, повторно нови жртви на улиците. Две жртви за два дена, а Обвинителството одреди притвор за лицата кои ги предизвикале несреќите. Кога ќе се подигне свеста на граѓаните?...

Македонските патишта остануваат закана за човековиот живот. Две жртви за едно деноноќие. Речиси секојдневно се случуваат сообраќајки во кои смртно страдаат учесниците. 19 годишник од Тетово беше приведен откако по сообраќајка со друго возило почина 81 годишна жена. Во главниот град, пак, кај железничкиот надвозник 26 годишен возач на мицубиши удрил во 77 годишен велосипедист кој им подлегнал на повредите на самото место.

И претходно обвинителот бил овластен да ги приведува или да ги задржува возачите кои предизвикале незгода со смртни последици, вели Aндоновиќ од Советот за безбедност во сообраќајот.

Во прашање е сообраќајна некултура, мотоциклисти без кациги, пешаци кои минуваат на необележан коловоз, тротинети кои се движат во спротивна насока и пред сè пијани возачи, без возачки дозволи со прекумерна брзина на движење.

Андоновиќ уверува дека заострените мерки и постојаните контроли не може да придонесат доколку сите учесници во сообраќајот не се придржуваат до прописите.

 

Фиљана Кока