Грабул „налета“ на Дарси
Најдобропласираниот македонски тенисер Димитар Грабул е елиминиран на стартот на Итф Фјучерсот во белгискиот Ојпен, вреден 10.000 долари.
Ждрепката сакаше Грабул да го добие за противник 8-от носител Стив Дарси од кого загуби во два сета, 6-4 и 6-1.
Домашниот тенисер кој се вивна во тенискиот свет откако лани сензационално од Вимблдон го елиминираше Рафа Надал, е сега 465 на Атп листата, далеку од неговиот најдобар рејтинг како 44-ти тенисер во светот, во мај 2008.

Димитар Грабул е 130 места подолу од Дарси на светската тениска ранг листа, но по овој пораз ќе доживее нов пад зашто во Ојпен тој требаше да ја брани титулата.
Дури 81 место назадуваше македонскиот тенисер по неговиот рекорден пласман на Атп листата во мај оваа година.