Мицкоски: Во АРМ ќе се примаат 300 професионални војници
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планирани нови вработувања на професионални војници во АРМ, изјави дека ќе се примаат 300 професионални војници...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планирани нови вработувања на професионални војници во АРМ, изјави дека ќе се примаат 300 професионални војници.
„Апсолутно да. Планирано е објавување на оглас за прием на 300 професионални војници и ја користам еве оваа прилика, благодарам на прашањето, да ги повикам сите оние млади луѓе коишто сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем на државата, да се вклучат и се добредојдени. Ги повикувам сите граѓани, сите граѓани без разлика на етничката припадност, сите коишто сакаат да бидат вклучени во безбедносниот систем. И тука нема проценти, секој оној којшто ќе ги исполни условите, ќе биде примен. Сите буквално, сите оние коишто сакаат да учествуваат во одбраната на нивната татковина.“ рече Мицкоски.
