Дарко Георгиевски ќе игра во трета лига во Франција
05.08.2014 15:17
Македонскиот ракометар Дарко Георгиевски својата кариера ќе ја продолжи во Франција.

Поранешен лев бек на Вардар, Куманово и на Пелистер, каде што настапуваше минатата сезона, потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште една година со францускиот третолигаш Мотелима Криј.
За 22 годишниот Георгиевски ова е прв интернационален предизвик. Минатото лето тој настапи за нашата репрезентација на Медитеранските игри во Турција.
Во третата лига на Франција, оваа сезона ќе игра и екс ракометарот на Зомимак-М, бекот Александар Ангеловски, кој неодамна потпиша за екипата на Белфорд.
