Власта во клинч со ССМ за минималецот
Премиерот вели, во буџетот нема пари за ова. Според него, предлогот на ССМ е политички мотивиран и е во насока на барањата на опозицијата...

Владата ќе поддржи 500 евра минимална плата доколку тоа го договорат работодавците и синдикатите, но не и барањето за субвенционирање на придонесите.
Премиерот вели, во буџетот нема пари за ова. Според него, предлогот на ССМ е политички мотивиран и е во насока на барањата на опозицијата.
Од Сојузот на синдикати возвратија дека се борат за корка леб, а политичарите како што велат за гола политика. На социјалните мрежи претседателот Трендафилов најави дека нема да се откажат од борбата за зголемување на работничките плати.
На наредната седница идниот вторник Владата ќе предложи три нови члена кои ќе треба да ја потврдат легитимноста на синдикатите. ССМ веќе го испорача предлогот за минималец од 500 евра, но за работодавците, тоа е неприфатливо.
Викторија Милевска
