МВР

МВР: 777 санкции за возачи во текот на вчерашниот ден

05.03.2025 14:20

Полициските службеници, во рамки на интензивните сообраќајни контроли, издадоа вкупно 777 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила...

На подрачјата на осумте сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.03.2025) полициските службеници, во рамки на интензивните сообраќајни контроли, издадоа вкупно 777 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

По однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи – 227 се однесуваат на непрописно паркирање, а 212 – се однесуваат на непочитување на дозволената брзина на движење. Потоа следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 53; па прекршоците за некористење на сигурносен појас (47) и за користење на мобилен телефон при возење (28), како и 25 прекршоци што ги сториле пешаци.

Во рамки на контролите, во три случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, осуммина возачи управувале возило под дејство на алкохол, а евидентирани се и 21 нерегистрирано возило, како и шест возила коишто биле технички неисправни.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност се апелира до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.