Образование

Матурантите ќе полагаат државна матура во августовскиот испитен рок

05.08.2014 15:34

Ученикот кој нема да го оправда своето отсуство од полагањето, автоматски ќе добие оценка „недоволен“. За наставниците нема да има казни или награди од резултатите од успехот на учениците, туку само советодавни обуки...

3647 матуранти ќе го заокружат средното образование со полагањето матура во августовскиот испитен рок. Во 21 училиште, на 11,13,14 и 16-ти овој месец ќе се полагаат екстерните предмети мајчин јазик и литература, странски јазик или математика и физика, хемија, биологија или бизнис. Термините за тестирање на интерниот предмет и одбраната на проектната задача се од 19-ти до 23 август. Но месецов ќе се одвива и екстерно тестирање.

„Екстерното тестирање ќе се држи на 14, 15 и 18 август, ќе полагаат 2685 ученици по еден или два предмети. Учениците три дена пред полагањето ќе знаат по кој предмет ќе бидат тестирани“, рече Абдулаким Адеми, министер за образование и наука.

Нови прашања нема. Изготвени се половина милион за целата наставна програма.

„Нема можност да се повторуваат истите прашања, истата комбинација како минатиот пат и на секој ученик му се паѓаат различни прашања“, реше Мируше Амети, директорка на Државниот испитен центар.

Новитети, пак, има во законите за основното и средното образование. Ученикот кој нема да го оправда своето отсуство од полагањето, автоматски ќе добие оценка „недоволен“. За наставниците нема да има казни или награди од резултатите од успехот на учениците, туку само советодавни обуки за најлошо рангираните, вели адеми. Директорот на училиште кој не ги почитува законските одредби, ќе биде разрешен од градоначалникот на општината, кој доколку не го стори тоа, ваквите ингеренции ги добива министерот.

Лука Андреев