Здравство

Расте бројот на пациентки со рак на дојка, многу од нив се одлучуваат за реконструкција

05.03.2025 16:27

Рак на дојка е една од болестите кои бележат пораст во земјава. И покрај постојаните препораки за рана детекција, сепак листата на заболени се зголемува, а алармантно е што сè поголем е бројот на млади жени и девојки...

Се фотографира како победник, затоа што ниту овој втор пат нема да му потклекне на канцерот на дојка, којшто и се врати по шест години. Тереза Балаовска, иако изгуби дел од телото којшто ја претставува женственоста, се одлучи за реконструкција на дојка за да биде пак старата таа.

Многу пациентки коишто се соочиле со канцер на дојка, не знаат дека можат да добија реконструкција на сметка на Фондот за здравство.

Ако пред 10 години на пластична хирургија имало по 30 пациентки за реконструкција на дојка, сега годишно се над 120. Сепак имаат уште многу прашања, недоумици.

Бројот на пациентки со канцер расте, па ќе мора да се зголемува буџетот за оваа намена.

За да се намали црната статистика, државата ќе мора да работи на превенција и рана дијагностика.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски