Царинска војна

Азески: Политичките случувања во светот ќе имаат влијание врз македонската економија

05.03.2025 15:04

По најавите на претседателот Трамп за зголемување на царините, македонскиот бизнис не стравува бидејќи извозот во оваа земја засега е мал. Политичките случувања во светот ќе имаат влијание врз македонската економија, што не е добра вест, вели Азески...

Македонските компании идниот месец на средба со американското Министертво за економија и финансии, и коморите на Флорида и Мајами ќе бараат начини како да ја зголемат трговската размена. По најавите на претседателот Трамп за зголемување на царините, македонскиот бизнис не стравува бидејќи извозот во оваа земја засега е мал.

Политичките случувања во светот ќе имаат влијание врз македонската економија, што не е добра вест, но сепак за бизнисот е предизвик, вели претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Нашите производи се конкурентни и мора да им дадеме шанса да се пласираат на другите пазари, а не како до сега само во неколку земји. Од вкупниот извоз на земјава, 40 отсто е насочен кон Германија, велат стопанствениците.

Александра Велинова