Мицкоски ги отфрли заканите од ДУИ за политичка криза поради Законот за јазици
Оние кои ги распродаваа македонскиот идентитет и јазик немаат кредибилитет да зборуваат – премиерот Мицкоски ги отфрли заканите од ДУИ за политичка криза поради Законот за јазици.

По заканите од ДУИ дека ќе има политичка криза и локалните избори нема да се одржат ако уставен го укине Законот за употребата на јазиците, премиерот Мицкоски со директна порака до интегративците – политика се води на маса, а оние кои ги распродаваат македонските идентитет и јазик немаат кредибилитет да зборуваат оти не го почитуваат ниту нивниот мајчин албански јазик.
ДУИ со заканите за неучество на локалните избори може да ги дестабилизира политичките состојби – оценува аналитичарот Селими, според кого, партијата има кредибилитет да испорача барање до уставен да не потпаѓа под политичко влијание од ВМРО-ДПМНЕ.
За аналитичарот Сотир Костов, ДУИ пука со празна пушка и со недемократски средства сака да се врати на власт.
Потпретседателот на ДУИ, Османи, предупреди дека на повидок е длабока политичка криза доколку не се врати балансерот и со одлука на Уставен се загрози употребата на албанскиот јазик, со што, според него, нема да има ниту локални избори.
Игор Панов
