САД

Вооружени учители се подготвуваат за стартот на учебната година

05.08.2014 15:42

Невообичаено учителите се подготвуваат како да ги заштитат своите ученици со обука за носење оружје...

Почетокот на новата учебна година во САД е само за три недели, па невообичаено учителите се подготвуваат како да ги заштитат своите ученици со обука за носење оружје. Во Мисури е во тек обука на полигони за стрелање. Идентитетот на вооружените учители не се открива бидејќи имаат статус на маршали.

„Јас сум од рурално училиште и сметам дека е важно да можам да им помогнам на учениците. Затоа ми требаат инструктори да научам како да користам оружје“, вели една наставничка.

„Обучуваме луѓе кои никогаш не користеле оружје. По обуката, тие погодуваат во целта во 90 проценти од случаите“, вели инструктурот Грег Мартин.

По неколкуте инциденти во Америка каде што жртви беа деца од училишта, јавноста е поделена дали вооружени учители се одговор за поголема безбедност на учениците.

„Постојат други начини да се спречат вооружените напаѓачи. Ако треба да ги спречи некој добар човек со оружје, би сакала тој да е полицаец“, вели наставникот Кети Стеинхоф.

Белата куќа инсистира дека со заострување на критериумите за издавање дозволи за носење оружје ќе се спречат убиствата во училиштата во САД.

 

.