Временска прогноза

Сончево време со температура до 22 степени

06.03.2025 08:00

Ќе дува слаб променлив ветер...

Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Утринската температура ќе се движи во интервал од -5 до 3 cелзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 22 степени.

Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб северен ветер.