Украина во фокусот на итните разговори на европските лидери
Париз е отворен за разговори за проширување на францускиот нуклеарен чадор на нејзините европски партнери-порача Макрон пред состанокот упатувајќи силна порака за руската закана и потребата од зголемени инвестиции во одбраната...

Украина и новите приоритети за зголемување на трошоците во одбраната-во фокусот на итните разговори на европските лидери откако САД ја променија политиката сигнализирајќи и на Европа дека мора сама да се грижи за својата безбедност. Париз е отворен за разговори за проширување на францускиот нуклеарен чадор на нејзините европски партнери-порача Макрон пред состанокот упатувајќи силна порака за руската закана и потребата од зголемени инвестиции во одбраната.
„Иднината на Европа не треба да се решава во Вашингтон или Москва. Русија стана закана за Франција и Европа. Стратешката дебата е повторно отворена за тоа како нашето одвраќање придонесува за заштита на нашите европски сојузници“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.
Следната недела Франција ќе биде домаќин на состанокот на началниците на генералштабовите на вооружените сили на европските земји.
