Македонија

Министерката Димитриеска-Кочоска и деканот на Економскиот факултет, Трпески ќе потпишат Меморандум за соработка

06.03.2025 08:33

На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка...

На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет.

Како што соопштија од Министерството за финансии, Меморандумот ќе го потпишат министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески.

По потпишување на Меморандумот ќе следуваат изјави за медиумите од  министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески.