САД во директни разговори со Хамас
Истовремено Обединетите Нации повикаа Тел Авив под итно да дозволи влез на хуманитарната помош во Газа и ги повикаа двете страни да најдат решение за продолжување на следните фази од договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците...

„Специјалниот пратеник кој е ангажиран во тие преговори има овластување да разговара со секого. За ова прашање беше консултиран и Израел. Дијалогот е во интерес на американскиот народ и го докажува добронамерниот напор на претседателот. Во прашање се американски животи“, изјави Каролин Левит, портпаролка на Белата куќа.
Истовремено Обединетите Нации повикаа Тел Авив под итно да дозволи влез на хуманитарната помош во Газа и ги повикаа двете страни да најдат решение за продолжување на следните фази од договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
