Едномесечно ослободување од новите царини на увоз од Мексико и Канада за американските производители на автомобили
Вашингтон одобри едномесечно ослободување од новите царини на увозот од Мексико и Канада за американските производители на автомобили, со што ќе се компензира товарот од економскиот удар, соопшти Белата куќа...

Вашингтон одобри едномесечно ослободување од новите царини на увозот од Мексико и Канада за американските производители на автомобили, со што ќе се компензира товарот од економскиот удар, соопшти Белата куќа.
Оваа одлука дојде откако Трамп разговараше со лидерите на големите три производители на автомобили „Ford“, „General Motors“ и „Stellantis“, објавија медиумите.
Одлуката не значи крај на трговската војна, туку можност за лидерите на овие компании да ги преиспитаат одлуките и да го преселат своето производството во САД. На тој начин тие не би плаќале високи даноци, изјави Трамп.
