Скопје
Дел од Карпош денеска без вода
06.03.2025 09:11
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека денеска поради промена на два затварача (Шибеи) Ф 150 мм. и Ф 100 мм. дел од Карпош ќе остане без вода...

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека денеска поради промена на два затварача (Шибеи) Ф 150 мм. и Ф 100 мм. на улица „Руџер Бошкович“ 4, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улиците „Руџер Бошкович“ на потег од бул. „8 Септември“ до улица „Никола Тесла“, дел од бул. „8 Септември“ на потег од бул. „Партизански одреди“ до бул. „Илинден“ и дел од улицата „Орце Николов“ на потег од бул. „8 Септември“ до улицата „Никола Тесла“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
