МВР
Приведен криминалец баран со потерница
06.03.2025 19:18
Полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Е.Б.(36) од гостиварско Здуње, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години...

Вчера во 16.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Е.Б.(36) од гостиварско Здуње, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
