Посета
Со свечена церемонија пред Собранието Гаши го пречека претседателот на хрватскиот Сабор Јандроковиќ
06.03.2025 10:23
Предвидена е и тет-а-тет средба на двајцата претседатели на парламентите на двете земји, а Јандроковиќ ќе има и обраќање пред пратениците...
Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ е во официјална посета на Македонија. Пред Собранието од неговиот домаќин, спикерот Африм Гаши, беше пречекан со највисоки државни и воени почести.
Предвидена е и тет-а-тет средба на двајцата претседатели на парламентите на двете земји, а Јандроковиќ ќе има и обраќање пред пратениците во македонското Собрание.
