Корејски воен авион по грешка фрли осум бомби, најмалку осум лица се повредени
Инцидентот се случил во градот Почеон во близина на границата со Северна Кореја. Делумно се уништени неколку куќи, црква и други објекти. Властите најавија истрага...

Над десет лица се повредени откако јужнокорејски борбен авион случајно фрлил осум бомби врз цивилна област за време на воена вежба со жив оган-соопштија властите. Инцидентот се случил во градот Почеон во близина на границата со Северна Кореја. Делумно се уништени неколку куќи, црква и други објекти. Властите најавија истрага.
„За време на заедничката воена вежба со жив оган меѓу јужнокорејската и американската војска, се случи страшна несреќа во која беа фрлени бомби врз цивилен објект, при што беа повредени невини цивили и оштетени голем број куќи и автомобили. Заедно со владата брзо ќе го започнеме процесот на решавање на инцидентот“, изјави Баек Јанг-Хјун, градоначалник на Почеон.
„Имаше селани што лежеа наоколу и пожар. Едно лице падна во канал додека возеше. Неговиот автомобил беше погоден“, изјави О Сеонг-Гил, сведок.
